Together mode е интересна функција поврзана со видео конференциите која Microsoft првпат ја претстави на нивната друга платформа, во главно наменета за бизнис корисници, Microsoft Teams.

Оваа функција ги става сите учесници на видео повикот во виртуелна средина, како на пример амфитеатар, наместо да бидат прикажани во стандардните квадрати еден до друг.

Овој начин на гледање на видео разговорот, покрај тоа што е интересен, ја менува атмосферата, тој исто така е погоден за ситуациите кога тоа што се наоѓа зад говорникот, не е баш погодно за гледање. Ова секако може да се сокрие со можноста за менување на позадината со слики достапни во Skype, како и со свои.

Вклучувањето на Together mode се прави за време на повик со најмалку тројца учесници со притискање на копчето во горниот дел наменето за менување на начинот на прикажување на учесниците.

Покрај оваа новина, поврзана со групните видео разговори, Skype исто така воведува можност за прикажување на сите учесници во поставеност 7 на 9, односно максимум 49. Со тоа во исто време ќе може да се гледаат сите кои се во разговорот, а тоа е посебно погодно за тие кои користат поголеми монитори.

Новините се пуштени пред некоја недела, постепено до сите корисници, па сега може да се каже со сигурност дека се достапни кај сите.

Иако Microsoft планираше да повеќе го промовира и развива Microsoft Teams, сепак поради големата популарност на ваквите апликации оваа година, од компанијата очигледно се одлучија да на корисниците им овозможат подобрено корисничко искуство.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаXiaomi го претстави Mi 11 со одличен дизајн, Snapdragon 888 и 120Hz екран
Следна статијаКомпанијата „Commvault“ овозможува заштита на компаниите од „ransomware“ нападите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.