Firefox ја добива својата 88-ма верзија од недела, а сите корисници кои го користат прелистувачот можат да ја инсталираат, доколку тоа не им е оставено на системот за автоматска надградба.

Главната новина кај оваа верзија која ја истакнуваат од Mozilla е дополнителна функција која оди во правецот на заштита на приватноста на корисниците, нешто што е главната карактеристика на Firefox.

Новата функција вклучува испразнување на информациите од window.name, дел од сите прелистувачи кој може да се искористи за собирање на информации за корисници. Секоја страна зачувува различни информации во овој дел, па истите информации можат да „протечат“ по отворање на друга страна.

Firefox сега ќе ги празни информациите по напуштањето на страната која ги има креирано, со што се трга можноста за нивно крадење. Од Mozilla истакнуваат дека овие информации може да бидат вратени доколку се потребни и корисникот се врати на страната која ги има креирано.

Mozilla продолжува со воведување на функции со кои нивниот прелистувач треба да биде познат како еден од најприватните. Иако има конкуренција и за оваа карактеристика, Firefox останува главниот избор за корисниците кои сакаат да веруваат дека прелистувачот кој го користат ќе им ја овозможи најголемата можна приватност на интернет.

ИЗВОРMozilla
Претходна статијаParler доби дозвола од Apple апликацијата повторно да биде достапна во AppStore
Следна статијаFacebook овозможи префрлување на објавите и белешките на Google Docs, Blogger и WordPress
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.