Покрај можноста за симнување на сите информации кои се дел од една сметка, Facebook овозможи и префрлување на дел од нив на други сервиси. Така, сликите и видеата од минатата година можат да се префрлат директно на Google Photos, Dropbox и други, а од компанијата најавија достапност на повеќе сервиси и нови можности.

Сега делот за префрлување на информациите од Facebook е проширен со можноста за префрлување на текстуалниот дел од објавите и белешките. Овие информации може да бидат префрлени на Google Docs, Blogger и WordPress.

Со оглед на тоа дека многу корисници објавуваат долги објави и белешки, ова е одлична можност доколку нив сакаат да ги пренесат на нивниот блог, доколку го имаат или едноставно да ги зачуваат во форма на документ за иднина.

Facebook

Префрлувањето на податоците се прави автоматски, исто како сликите и видеата, а се наоѓа во истиот дел, односно во Settings & Privacy > Settings > Your Facebook Information > Transfer a Copy of Your Information.

Од Facebook истакнуваат дека пред да може да се почне со процесот корисникот мора да ја внесе својата лозинка, како еден вид на дополнителна заштита, а исто така информациите се шифрирани за време на процесот.  

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаMozilla Firefox 88 донесува нова заштита на приватноста на корисниците
Следна статијаNokia и Orange постигнаа глобален договор за оптимизација на 5G мрежата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.