Facebook оваа можност ја најави при крајот на минатата година и постепено ја пушташе во различни земји како тест. Во април стана достапна во САД и Канада, а од оваа недела истата им е достапна на сите корисници во светот.

Корисниците на Facebook, кои и досега имаа можност да ги симнат сите свои податоци, сега ќе можат да ги префрлат сите свои слики и видеа на Google Photos сервисот. Со тоа тие ќе ги имаат зачувано своите слики и видеа, кои можеби ги имаат уште пред популаризирањето на онлајн сервисите за слики, а секако ова е корисно и во случај корисникот да се одлучи да ја избрише својата Facebook сметка.

Префрлувањето на податоците на Google Photos се прави едноставно, а се што треба е да отидете во Settings на Facebook преку прелистувач, па на „Your Facebook Information“. Во овој дел е достапна можноста „Transfer a copy of your Photos or Videos“, па кога ќе притиснете на „View“, ќе можете да ја „изберете дестинацијата“, каде е достапен Google Photos сервисот.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook почна да ги означува медиумите кои се „контролирани од државата“
Следна статијаНовиот Honor телефон од Huawei може да ја мери температурата преку инфрацрвениот сензор на камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.