Фото: Shutterstock.com

Meta во својата WhatsApp апликација тестира можност за напуштање на групните разговори без истото да го видат сите членови на групата, кои може да бидат до 256 луѓе. Наместо стандардно известување и прикажување на информација во групата, напуштањето на групите би го гледале само нивните администратори.

Ваквата можност е доста корисна и потребна од две причини. Едната е честото напуштање или додавање на луѓе во групите, да не непотребно додава на разговорите и да им пречи на членовите.

Другата е можноста да сепак се напушти групен разговор без потреба од тоа да го видат сите и да се чудат зошто е тоа направено. Некои луѓе едноставно не сакаат да продолжат да учествуваат во разговорите, па ставањето на „mute“ на известувањата не секогаш е доволно.

Од компанијата минатиот месец најавија воведување на „Communities“, функција која ќе им овозможи на администраторите можност да менаџираат повеќе групни разговори на едно место, одлично за училиштата, куќните совети и слично.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple ќе мора да дозволи користење на различни технологии за прелистувачите на iOS
Следна статијаApple и Google може да отстранат околу 1,5 милиони апликации кои не се ажурирани повеќе од две години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.