WhatsApp најави нова функција која слободно може да се каже дека е нешто што би сакале да го видиме и на Viber, со оглед на тоа што втората е повеќе користена кај нас. Се работи за Communities, односно Заедници, нешто што на прв поглед личи како само понапредни групни разговори.

Communities не се групни разговори, туку е едно место од каде се организираат повеќе други групни разговори. Со оваа новина нови функции добиваат и групните разговори.

Администраторите кои ќе креираат Задници, потоа ќе можат да вклучат веќе постоечки групни разговори или да креираат целосно нови и да испратат покани до луѓето кои би сакале да ги вклучат. Поканите, покрај со директно испраќање до конкретен телефонски број, ќе може да се направи и со посебен линк.

Заедниците на WhatsApp се одлични за организирање на училишни активности, куќни совети, бизниси и слично, каде разговорите ќе може да се поделат според одредена тема. На пример, во Заедница за куќен совет, може да има посебни групи за општи разговори, за жалби, за организирање настани и слично.

Заедно со најавата на Communities, WhatsApp најави и неколку новини поврзани со групните разговори. Тие добиваат четири новини, односно можност за ставање на реакции исто како на Messenger, можност на администраторите да бришат пораки, споделување на датотеки до 2GB, како и аудио групни повици до 32 учесници во исто време.

WhatsApp посебно ја истакнува приватноста на Communities кои ја имаат веќе достапната „енкрипција“ на разговорите која е достапна за останатите разговори на апликацијата.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаНајави за наскоро пуштање на „виџети“ од трети страни во Windows 11 преку Microsoft Store
Следна статијаNetflix за првпат забележа пад на бројот на корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.