Една од подобрите новини кои дојдоа со Windows 11 е делот за „виџети“ кој со најновата верзија од оперативниот се отвора преку притискање на копчето со временска прогноза на левиот дел од „таскбарот“.

Сепак, овој дел од Windows 11 останува ни приближно доволно искористен, во главно поради малиот број на достапни виџети кои се само од Microsoft. Моментално, покрај големата листа со новости, може да се прикачат виџети од календарот, To Do апликацијата, временска прогноза, спортски резултати и слично.

Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека од компанијата планираат да овозможат трети страни да прават виџети за овој дел од Windows 11, со што достапноста на виџетите значително би се зголемила.

Според најновите информации, овие виџети би биле достапни преку Microsoft Store и може да ги очекуваме до крајот на оваа година. Поради тоа што од Microsoft уште нема потврда за оваа информација, а функцијата уште не се ни тестира во Windows Insider, не може со сигурност да ја претпоставиме датата на достапноста.

Со овозможувањето трети страни да прават виџети кои ќе се инсталираат преку Microsoft Store, може да се очекуваат доста корисни виџети, како такви кои ќе ги покажуваат ресурсите на компјутерот, од друштвените мрежи и слично.

Кратко кажано, „Widgets“ делот ќе може да стане функција која корисниците навистина ја користат и да биде една причина повеќе за надградба на Windows 11 и купување на нови компјутери со овој оперативен систем.

Уште една новина кај виџетите која е потврдена и од Microsoft е можноста за пуштање на делот на целиот екран, нешто што сега е ограничено само на третина на левата страна. Вакво нешто би било доста корисно кога ќе бидат пуштени и другите виџети, па корисниците кои навистина имаат поставено повеќе од нив, подобро ќе можат да ги видат на целиот екран.

ИЗВОРWindows Latest
Претходна статијаMicrosoft ја означи 21H2 верзијата од Windows 10 како спремна за сите корисници
Следна статијаWhatsApp најави воведување на Communities за подобро организирање на различни групни разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.