Microsoft ја пушти најновата верзија од Windows 10, наречена Windows 21H2, односно November 2021 Update, во ноември минатата година. Како што беше најавено и се очекуваше, оваа верзија не донесе некои посебни новини, па корисниците кои го сакаат најновото од Microsoft ќе мора да го инсталираат Windows 11, нешто што за голем дел од корисниците вклучува и потреба од купување на нов компјутер.

Како и обично, новите верзии Microsoft ги пушта постепено, односно за корисниците кои самите ќе проверат за надградба преку Windows Update, како и тие кои системот на машинско учење има оценето дека се спремни.

Од половината на овој месец Windows 10 21H2 е спремна за сите корисници, односно Microsoft сега ќе почне да им ја препорачува на сите. Тоа значи дека истата е инсталирана на доволно компјутери за да се откријат сите можни проблеми, па може да се премине на генерално пуштање.

Инаку, оваа верзија донесува неколку помали новини, како што е подобрување на безбедноста на Wi-Fi, Windows Hello и новини со Windows Subsystem for Linux. Ништо посебно, но сепак препорачливо како практика да се користи најновата верзија поради исправката на „багови“, како и безбедносни надградби.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаЕко-акција на волонтери од Македонски Телеком за позелени и почисти урбани средини
Следна статијаНајави за наскоро пуштање на „виџети“ од трети страни во Windows 11 преку Microsoft Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.