Apple се познати по својата строга контрола на скоро секој дел од корисничкото искуство на нивните платформи, а најчесто тоа е и една од причините зошто нивните уреди успеваат да го овозможат истото на високо ниво.

Еден од ваквите примери на строга контрола е неможноста програмерите да користат сопствена веб технологија кај нивните интернет прелистувачи, па тие мора да ја користат технологијата на Safari, WebKit.

Ова значи дека без разлика која интернет прелистувач апликација ја користите, таа ја користи технологијата од Safari прелистувачот, односно Chrome не ја користи својата технологија како што е случајот на другите платформи.

За разлика од некои од другите правила, ова можеби и нема толку голема врска со корисничкото искуство, а корисниците во некои ситуации можат да добијат и подобра апликација доколку Apple не го ограничува користењето на различните технологии.

Од компанија изгледа ќе мора тоа да почнат да го прават во иднина доколку се донесе најавуваниот „Digital Markets Act“ законот во ЕУ. Според неофицијални копии од предлог законот, ЕУ ќе побара од Apple да им овозможи на програмерите да користат други технологии покрај WebKit со што би се отворила можноста прелистувачите како Chrome, Mozilla, Edge, Brave и другите да функционираат различно.

На сличен начин, Apple можно е да мора да се префрли на USB-C конкетор кај iPhone исто така поради Европската Унија, а неофицијалните информации говорат дека од компанијата веќе ја тестираат оваа промена кај нивниот смартфон.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНајави дека Galaxy Fold4 ќе го добие посакуваното зголемување на „ширината“ кај екраните
Следна статијаWhatsApp ќе овозможи „тивко“ напуштање на групните разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.