Фото: Shutterstock.com

Samsung Galaxy Fold3 останува еден од најдобрите уреди на пазарот кои со тек на време ќе направат мала револуција кај мобилните телефони кои ќе можат да ја заменат за мал таблет компјутер, без потреба од носење на огромен уред во џебот.

Сепак, до доаѓањето во оваа ситуација и во пракса, потребно е средување на неколку „проблеми“ кои ги имаат уредите од првите генерации на технологијата која вклучува екрани кои се превиткуваат.

Еден од своите вакви проблеми Samsung ќе го реши со наредната генерација од Fold серијата која треба да биде претставена за некој месец. Според неофицијалните извори, Galaxy Fold4 ќе дојде со намалени димензии, односно овој уред веќе нема да биде толку голем и потенцијално проблем за носење во џебот.

Дополнително, познатиот Ice universe сега истакнува дека покрај намалувањето на димензиите, Fold4 ќе добие одредено прилагодување на форматот на екраните, односно ќе им биде зголемена ширината, соодветно во однос на висината.

Ова како потреба повеќе го има за надворешниот екран, односно помалиот екран кој, иако минатата година беше нешто поширок, сепак уште беше доволно „тесен“ за да може да се каже дека заменува класичен смартфон, па корисници на кои тоа им пречеше мора почесто да го користат внатрешниот и поголем екран.

Според Ice universe, соодносот од 5:4 ќе биде заменет со 6:5, додека кај внатрешниот екран исто така ќе им промена од 24,5:9 на 23:9.

Иако внатрешниот екран, односно тој кој се преклопува, не беше нешто посебно „тесен“, сепак кога Oppo го претстави нивниот Fond N со целосно различен формат, покажа дека сепак корисници подобро реагираат на такви уреди.

Samsung се очекува дека ќе го претстави Galaxy Fold4, заедно со Galaxy Flip4 во месеците што следат, односно некаде на средината од летото.

Претходна статијаА1 Македонија со едукативен настан по повод Светскиот ден на телекомуникациите
Следна статијаApple ќе мора да дозволи користење на различни технологии за прелистувачите на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.