Ice universe, кој ретко го имаме видено да згреши, излезе со неофицијална најава дека Galaxy Fold4 од Samsung ќе дојде со помала големина и ќе биде потенок, нешто што е доста важно кај овој вид на уреди кои иако уште веруваме дека ќе донесат своја мала револуција, сепак уште се не толку практични поради големината.

Еден ден подоцна, Ice universe повторно излезе со објава на Twitter во која најавува уште поголемо намалување на димензиите и тежината на Galaxy Fold4. Покрај тоа, рамките околу екраните ќе бидат дополнително намалени, нешто што посебно ќе направи разлика кај помалиот.

Galaxy Fold3 веќе беше големо подобрување од претходните генерации и на нашиот тест го нарековме спремен за масовно користење. Промените кои се најавуваат и очекуваат од четвртата генерација ќе го направат дефинитивно уред кој ќе се продаде во големи количини.

Главната предност од користењето на ваквите уреди ќе ја видиме кога производителите ќе успеат да ги направат доволно тенки и лесни за да може реално да бидат замена за денешните смартфони, но со одличната предност на отворање во помал таблет компјутер за ситуациите кога се гледа видео, слики, се чита и слично.

Претходна статијаДвижете се безбедно и избегнувајте го градскиот метеж со електричниот тротинет Navee N65
Следна статијаВозачите на автомобили со автономни функции ќе можат да гледаат филм додека се возат во Британија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.