Познатиот Ice universe објави информација дека новата генерација од одличниот уред на превиткување од Samsung, Galaxy Fold4, нема да има можност за чување на S Pen, но тоа можеби и не изненадува.

Втората информација која ја дава Ice universe е повеќе важна и е поврзана со големината на уредот. Тој тврди дека Galaxy Fold4 ќе биде нешто помал и потенок, а може да се каже дека тоа и би го очекувале од четвртата веќе генерација од овој уред.

Намалувањето на димензиите, а посебно дебелината на уредот ќе направи доста голема разлика за многу корисници. Уредот е одличен, ние веќе го тестиравме, но сепак мора да се признае дека тој е доста дебел кога е затворен како смартфон, па зависно од какви џебови има корисникот, може да испадне да биде проблем неговото носење, а посебно во летните денови кога се носат пократки панталони.

Со оглед на досегашниот углед на Ice universe, односно процентот на точни предвидувања, оваа информација би ја земале како сигурна.

Тоа што останува да видиме е колкаво ќе биде намалувањето на димензиите, а исто така дали од Samsung имаат најдено решение за „фалтата“ која се појавува на местото на превиткување на екранот.

Претходна статијаНеофицијална слика го прикажува финалниот изглед на iPhone 14
Следна статија5 креативни начини за заштеда на време со Galaxy S22 Ultra
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.