Vivaldi прелистувач ја започна својата работа на основите на стариот Opera, кога дел од вработените не беа задоволни со правецот во кој продолжи да се развива овој прелистувач. Opera беа познати по дополнителните функции во прелистувачот, па Vivaldi е меѓу ретките прелистувачи на пазарот кој се промовира со неговата сложеност.

Две години по почетокот со тестирање, Vivaldi ја пушти првата официјална верзија од Vivaldi Mail. Како што би се очекувало, овој имејл клиент е вграден во самиот прелистувач, односно не е посебна апликација, а целта е да сите функции бидат дел од една апликација, Vivaldi прелистувачот.

Vivaldi Mail 1.0 е напреден имејл клиент, односно не треба да залажува фактот што е интегриран во друга апликација наместо да е посебна. Тоа значи дека корисниците можат да прилагодат повеќе имејл сервиси, а покрај тоа, можат и самите да прилагодат POP и IMAP доколку користат некој сервис кој има свои посебни прилагодувања.

Vivaldi посебно ги истакнува дополнителните функции на Vivaldi Mail 1.0, како што е можноста за прилагодување на лентите, листата со пораки, можноста за пребарување на пораките преку нивно индексирање и слично.

Покрај имејл клиентот, Vivaldi прелистувачот добива и календар, што е очекувано и обично оди заедно со имеј клиент, а исто така додаден е и читач на вести, односно „Feed Reader“.

Очигледно е дека од Vivaldi сакаат повеќето активности на компјутерот корисниците да ги прават преку оваа една апликација.

ИЗВОРVivaldi
Претходна статијаNothing ќе го претстави нивниот прв смартфон на 12 јули
Следна статијаHUAWEI WATCH GT 3 Pro: Најелегантните паметни часовници на Huawei за дамите и господата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.