Vivaldi е прелистувачот кој е развиен од страна на дел од поранешни вработени во Opera, со цел да го продолжат стилот на развој кој беше и престана да биде карактеристичен за познатиот Opera.

Opera прелистувачот беше познат по големиот број на вградени функции на прелистувачот. Ова е нешто што кај денешните прелистувачи не се практикува, а посебно по претставувањето на Google Chrome кој воведе едноставна апликација со веб страните во преден план.

Vivaldi е тука за корисниците кои сепак го сакаа начинот на којшто се правеше Opera, па до некаде може да се каже дека овој прелистувач наликува на стариот Opera и продолжува во тој стил со нови и модерни функции.

Една од работите која беше позната порано кај Opera беше вградената функција за „мејл“ во самиот прелистувач. Тоа значи дека корисниците не мора да користат дополнителна апликација за да ги наместат своите имејл адреси, па истото можеа да го прават преку прелистувачот.

Vivaldi одамна веќе најавува дека ќе ја воведе оваа можност, па истата сега е достапна во тест верзиите од прелистувачот. Покрај можноста за „мејл“, Vivaldi добива и вграден читач на „RSS“ листи, односно Feed читач, како и календар.

Како што би се очекувало, мејл и календарот можат да се прилагодат да функционираат со веќе постојните на корисникот, но може да се избере да се креираат и нови од Vivaldi.

Не сме сигурни колку е ова нешто што им е потребно на корисниците, со оглед на тоа што кога веќе се отвора прелистувач, тука се веб верзиите од мејл и другите сервиси, па ова сигурно ќе остане нешто што ќе го ценат старите фанови на Opera.

Оваа новина ќе им биде пуштена на сите корисници во некоја од наредните официјални верзии, а до тогаш ќе мора да се користи тест верзија од Vivaldi доколку сакате пристап веднаш.

ИЗВОРVivaldi
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаКомуникацијата во Јавната Администрација како главна тема на FOCUS Конференцијата
Следна статијаРаст од 177% во онлајн трансакциите кон домашните е-трговци во вториот квартал годинава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.