Разговорите на Messenger остануваат „незаштитени“, барем од аспект на целосно нивно шифрирање без можност било кој да ги прочита, освен учесниците во разговорот. Сепак, од мрежата уште од 2016 нудат можност корисниците посебно да вклучат шифриран разговор, но повеќето корисници ги користат стандардните поради достапноста на функции, како и немањето потреба од посебно вклучување.

Од оваа недела користењето на шифрираните разговори во Messenger станува нешто што можеби повеќе корисници би немале проблем да го прават. Причината за тоа е донесување на повеќето функции од стандардните разговори кај шифрираните, па корисниците ќе можат да комуницираат како и досега, со поголема приватност.

Шифрираните разговори сега ја имаат можноста за користење на „стикери“ и GIF анимации, да се одговара на пораките, го добиваат показателот кога другата страна пишува, реакции на пораките, споделување на пораките, зачувување на слики и видеа, како и нивна измена пред да се испратат.

Исто така, корисниците на шифрираните разговори ќе добијат известување доколку некој направи „screenshot“ од пораките кои се наместени да исчезнат после одреден период.

Со додавањето на овие функции кај шифрираните разговори, корисници скоро и нема да забележат разлика од стандардните разговори, па ќе вреди и да ги користат. Една маана останува само, а тоа е неможноста да се користат овие разговори на повеќе уреди, односно кога ќе започне шифриран разговор, тој може да се прави само на тој уред. Можеби со тек на време од Meta ќе додадат поддршка за овие разговори и на нивната десктоп апликација.

За потсетување, шифриран разговор се започнува со притискање на копчето за нов разговор, па повлекување на посебното копче со икона од катанец. Со тоа, секој разговор започнат, ќе биде шифриран, а истото сега може да се направи и за групните разговори. За веќе започнатите разговори, функцијата може да се вклучи со влегување во прилагодувањата на тој разговор.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаFAVORIT ELECTRONICS подарува и по 30 години довербата останува  
Следна статијаДел од Falcon 9 ракета на SpaceX лансирана пред седум години е на пат да удри во Месечината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.