По неофицијалното пуштање на датотеката за инсталирање на новата верзија од Outlook, очекувано беше дека Microsoft наскоро и официјално ќе ја направи достапна за корисниците.

Досега нарекувана One Outlook, новата апликација има за цел да го унифицира корисничкото искуство, односно да постои една верзија без разлика од каде се отвора и користи. Новата апликација е направена на основа на веб апликацијата достапна преку outlook.com, што значи дека корисничкиот интерфејс веќе е познат.

Покрај замената на десктоп верзијата од Outlook, во иднина се очекува оваа апликација да ја замени и Mail апликацијата која доаѓа со Windows 10 и Windows 11.

Првата верзија од новиот Outlook е достапна како тест верзија, што значи дека не е целосно спремна за сите корисници, а исто така и недостасува една доста важна функција, можноста за додавање на повеќе имејл сметки.

Може да се инсталира преку приклучување во Office Insider програмата и избирање на бета каналот. По инсталирање на надградбата која е достапна преку бета каналот, новата верзија од Outlook може да се вклучи преку копчето во горниот десен агол преку кое и досега се вклучуваа тест функции. Outlook ќе се рестартира по што ќе се вклучи новата верзија.

Корисничкиот интерфејс на новиот Outlook, односно на веб апликацијата, не е многу поразличен од моменталниот кај Outlook на десктоп, што значи дека нема да се чувствувате како да користите целосно нова апликација на која ќе треба да се навикнувате.

Microsoft посебно истакнува и неколку нови функции кои се достапни со новата верзија, како потсетници за пораки, интеграција на Microsoft To Do со календарот, нов изглед на календарот и слично.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаКога на корисниците им е најпотребно, А1 со најдобрата понуда во A1 Combo
Следна статијаКавадарци и Неготино добија нова противпожарна опрема преку проект за меѓуопштинска соработка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.