Како што беше неофицијално најавено на почетокот од годината, Microsoft започнува со јавно тестирање на новата и унифицирана Outlook апликација која исто така се нарекува и One Outlook.

Оваа апликација за првпат беше спомената минатата година и се најавува како една апликација која треба да ги замени сите „имејл“ апликации од Microsoft. Во основа компанијата моментално има неколку имејл апликации, а тоа се Outlook десктоп апликацијата која доаѓа со Office пакетот,  Mail апликацијата која доаѓа со Windows, веб апликацијата на outlook.com, а тука се и две мобилни апликации.

Новата Outlook апликација изгледа исто како веб апликацијата, а истата е направена на нејзина основа, односно се работи за веб апликација прилагодена како десктоп апликација. Тоа ја прави Outlook апликацијата доста помала и побрза, па корисниците сигурно ќе ја забележат разликата.

Тоа што останува не до крај јасно во оваа фаза е дали од Microsoft планираат да ги додадат сите функции кои ги има доста сложената десктоп Outlook апликација, нешто што ќе мора да се направи ако планираат да нудат само една апликација.

Новата Outlook апликација веќе е достапна, објавија од Windows Central, а истата моментално може да функционира само со бизнис и образовни сметки, односно не може да се користи за приватните сметки.

Апликацијата може да се симне преку овој линк, па можете да видите каква е, како функционира и дали е нешто што би сакале да го користите. Веруваме дека со тека на време оваа апликација ќе почне повеќе да наликува на десктоп апликација, односно да ги има сите потребни функции.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаTwitter тестира можност за објава само на избран „круг“ на пријатели
Следна статијаКампањата „Биди срцевина, Биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.