Една од најголемите критики за Windows 8 од страна на корисниците е одлуката на Microsoft целосно да го отстрани старт менито за сметка на модерниот “метро” дизајн. Како одговор на ова голем број на програмери се одлучија да направат апликации кои ќе го вратат класичното старт мени во Windows 8. Во прилог ќе ви претставиме неколку од нив.

1.    Start Menu Reviver

SMR1

Оваа апликација се обидува да гo искомбинира модерното Windows 8 мени со класичното Start Menu од претходните верзии на Windows. Апликацијата, иако примарно наменета за Windows 8, може да се инсталира и на Windows 7 доколку преферирате по модерен изглед.

SMR2

Дизајнот на Start Menu Reviver освен за работа со тастатура и маус е приспособен и за лесна навигација на екрани кои реагираат на допир.

SMR3

Start Menu Reviver нуди можност за костумизација по ваш сопствен вкус и потреба со тоа што ви дозволва да изберете кои фолдери, документи и апликации ќе ги стартувате дирекно од менито. Исто така, Start Menu Reviver доаѓа со голем избор на икони со кои може да ги замените стандардните, а доколку сакате може да креирате и нови.

2.    Classic Shell

CS1

Classic Shell апликацијата ви овозможува да имплементирате Старт копче во Windows 8 и притоа нуди избор од три стилови: Windows Classic, Windows XP и Windows 7.

CS2

Изгледот и функционалноста на на секој од стиловите може да се менува по ваш вкус преку голем избор на опции и скинови. Апликациите во старт менито може да се распоредуваат со едноставно влечење и спуштање каде што вам ви одговара.

CS3

Classic Shell доаѓа со Windows и Internet Explorer додатоци кои исто така може да се прилагодуваат по вашите потреби.

CS4

3.    StartW8

SW81

StartW8 им овозможува на корисниците полесен пристап до фолдерите и апликациите преку имплементација на целосно-функционално класично старт мени во Windows 8. Дизајнот на старт менито одлично се вклопува во стандардниот изглед на Windows 8 десктопот.

SW82

Главните карактеристики на оваа апликација вклучуваат:

  • Автоматско влегување на десктоп по најавата во Windows
  • Можност за подигање на старт менито со притискање на “Windows” копчето од тастатурата
  • Класично поле за пребарување
  • Лесен пистап до омилените апликации
  • Поддршка на 25 јазици
  • Опција за исклучување на стандардната функција на аглите од десктопот

SW83

Апликацијата има прилично ограничени можности за костумизација, меѓутоа сепак нуди доволен избор на опции за тоа што ќе биде прикажано во старт менито.

4.    Pokki

P1

Pokki Windows 8 старт менито има интересен и оригинален дизајн, а притоа нуди и бесплатни популарни апликации и игри како Facebook и Angry Birds преку својот App Store.

P2

Апликацијата овозможува брз и лесен пристап до вашите програми и фајлови, има опција за пребарување и директен пристап до контролниот панел, а нуди и можност за организација на вашите омилени апликации и веб страни. Pokki исто така има и имплементиран систем за прикажување на нотификации.

P3

5.    Start8

Start8 е апликација на Stardock чија цел е враќање на класичното Windows 7 старт мени во Windows 8 но со далеку поголема функционалност.

S81

Апликацијата нуди голем избор на можности за костумизација како што се:

  • промена на големината, формата и стилот на старт менито
  • промена на бојата со менување на Windows темата
  • можност за промена на содржината и начинот на кој истата ќе се прикажува во старт менито
  • можност за промена на голем број од основните функции на Windows 8 и начинот на нивно однесување

S82

За жал оваа апликација не е бесплатна.

Претходна статијаLG го креираше првиот WiDi LCD панел
Следна статијаПретставени новите iPhone 5s и 5c