LGWD

На 9 Септември LG објави дека во соработка со Intel го создаде првиот LCD панел кој во себе ја содржи WiDi (Wireless Display) технологијата. Оваа технологија развиена од страна на Intel е достапна веќе подолго време, меѓутоа комплексноста на нејзината примена ја спречи истата да биде масовно прифатена.

LG успеа да вгради чипсет директно во LCD модулот, со што им овозможува на корисниците безжично да прикажуваат содржини од своите лаптоп и десктоп компјутери на телевизорите и мониторите кои ќе ја содржат оваа технологија без потреба од дополнителни уреди.

Панелот кој за првпат беше претставен во јавноста на IDF 2013 во Сан Франциско е со големина од  23.8 инчи и може да прима видео сигнал со 1080p резолуција и 5.1 аудио сигнал.

Претходна статијаInfinity, новиот PadFone на ASUS
Следна статијаПрограми кои го имплементираат класичното Start Menu во Windows 8