Google Phone апликацијата, која порано беше достапна само за уредите од Google, а сега може да се инсталира на било кој Android уред, веќе има одлични функции како прикажување на името на компанијата која се јавува, иако корисникот го нема тој број во именикот. Phone апликацијата има е некои функции кои не се достапни за сите корисници во светот, како што е на пример Call Screen функцијата која овозможува Google Assistant да одговори на повикот од непознат број.

Со претставувањето на одличните Pixel 6 и Pixel 6 Pro вчера, Google престави уште две нови функции на нивната Phone апликација кои секако ќе бидат ексклузивно достапни за овие два уреди, а за почеток и само за корисниците во САД.

Двете нови функции се наречени Wait Times и Direct My Call. Wait Times ги прикажува моменталните и проценетите минути на чекање кај бизнис повиците, кои најчесто имаат време на чекање додека да се добие операторот. Корисниците со оваа функција ќе можат да видат кога најмногу им одговара да се јават на саканиот број и да очекуваат најкратко време на чекање.

Direct My Call е функција која ги прикажува во текстуална форма автоматизираните менија кои се карактеристични кај центрите за поддршка на операторите, банките и слично. Корисниците не само што ќе можат да ги гледаат во текстуална форма, без потреба од слушање, тие ќе можат да го направат изборот со притискање на прикажаниот текст.

Ова исто така ја има предноста од избегнување на ситуациите кога корисникот заборава кој избор сака да го притисне, затоа што сите можности му се прикажани во текстуална форма.

Google овие функции со тек на време ги пушта во други земји, а некогаш и за други телефони, но искуството досега покажа дека сепак ние во Македонија ќе почекаме подолго време додека можеме да почнеме да ги користиме.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаКомпанијата Singular стана дел од најголемата светска iGaming групација
Следна статијаНајави дека Facebook наскоро ќе го промени името на компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.