Промоциите кои апликациите достапни на Play Store ги имаат за своите корисници, сега ќе може да се видат на едно централно место. На овој начин корисниците ќе можат да откријат и нови апликации кои ќе ги привлечат со своите попусти и бесплатни понуди.

Новиот дел за промоциите, односно Offers, ќе биде додаден на долната лента, заедно со деловите за апликациите, игрите и филмовите, во нашата земја, а во одредени земји преку Play Store може да се купат и книги.

Во делот за промоции ќе може да се видат промоциите од игрите кои продаваат работи во самите игри, награди и бесплатни понуди, попусти на филмови и слично.

За почеток, овој нов дел им е пуштен на корисниците во САД, Индија и Индонезија, а од Google најавуваат подоцна оваа година ќе биде пуштен и во повеќе земји.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаКАС, ЛЕАД и ССРСМ ја лансираат наградата за средношколско учество „најГЛАСни“
Следна статијаАнализа: Учениците и студентите преферираат настава во живо или комбиниран модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.