Раскажи ја приказната за твојата средношколска ученичка заедница и учествувај во повикот за награда за средношколско учество.

Повикот е отворен за сите средношколски заедници од државните и приватни училишта кои во текот на учебната 2021/2022 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесување на одлуките.

Што претставува наградата за средношколско учество?

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја воведуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

Наградата за средношколско учество ќе се доделува на годишно ниво, на ученичките заедници кои демонстрираат активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.

Во рамки на овој повик ќе бидат избрани најмногу 3 средношколски заедници кои во изминатиот период со своето делување придонеле за средношколското учество во нивните училишта и кои имаат план и визија за периодот кој следува.

Како да се пријавите?

Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК. Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето.

Рокот за пријавување истекува на 20.02.2022 година.

Како ќе се изберат победниците?

Победниците ќе бидат избрани на врз основа на точно одредени критериуми од страна на 3 члена комисијата составена од: претставник на КАС, претставник на ЛЕАД и претставник на Сојузот на средношколци.

Од вкупно добиените апликации, ќе бидат селектирани 4 до 6 финалисти, кои ќе бидат известени најдоцна до 01.03.2022.

Финалистите ќе бидат поканети да присуствуваат на завршен дводневен настан кој ќе се одржи во средината на месец март 2022 година. Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички заедници. На дво-дневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница, од каде што 3 средношколски ученички заедници ќе бидат наградени.

Од што се состои наградата?

Секоја наградена училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница.

Трите ученички заедници, покрај признанието, ќе добијат финансиска поддршка во висина од 10.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на учебната година 2021/2022. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од
страна на ЛЕАД, КАС и ССРСМ за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.

Претходна статијаSony ги купи Bungie, креаторите на Halo, за 3,6 милијарди долари
Следна статијаPlay Store ќе ги прикажува промоциите од апликациите во нов посебен дел