Opera останува еден од најпознатите интернет прелистувачи на пазарот кој веќе со години е доминиран од страна на Google Chrome. Останатите прелистувачи бараат начин како да дојдат до повеќе корисници, а Opera тоа го прават на доста уникатен начин.

Од компанијата прво го променија кодот со кој работат, односно од код кои самите го развиваат, се префрлија на Chromium, па претставија вграден крипто паричник, па посебен прелистувач за гејмерите и слично.

Сега од компанијата излегоа со нов прелистувач, Crypto Browser, со кој треба да им понудат на корисниците прелистувач за web3 интернетот, кој тек треба да почне да функционира, ако тоа се случи. Web3 во основа е наредната генерација од World Wide Web, која ќе функционира на основа на „блокчејн“ или кратко кажано децентрализирано и со целосно шифрирана комуникација.

Новиот Crypto Browser повторно е направен на основа на Chromium, но има дополнителни функции кои не се стандардни за останатите прелистувачи, односно има вграден независен крипто паричник, кој доаѓа и со заштита при копирање на текст. Прелистувачот исто така има е поддршка за децентрализирани апликации, наместо за класични додатоци, како и посебен дел наречен Crypto Corner.

Opera Crypto Browser е достапен во бета верзија за корисниците на Windows, Mac и Android, па сите кои сакаат да го пробаат, тоа може да го направат.

ИЗВОРOpera
Претходна статијаYouTube Originals ја намалува својата содржина
Следна статијаНоќни повици – Ексклузивна премиера на британска полициска серија на Pickbox NOW и Pickbox TV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.