Премиерата на извонредната полициска серија Ноќни повици (The Responder) пристигнува на 25 јануари на стриминг сервисот Pickbox NOW и тоа само неколку часа откако BBC ќе ја претстави на својата онлајн видеотека! Бидете меѓу првите кои ќе ги видат сите шест епизоди со холивудската ѕвезда Мартин Фримен!

Серијата ќе биде емитувана при крајот на февруари на телевизискиот канал Pickbox TV.

НЕТИПИЧНА СЕРИЈА ЗА НЕТИПИЧНА ПРОФЕСИЈА

Ако мислевте дека веќе ги имате видено сите можни полициски сценарија, британската серија Ноќни повици ќе ве разувери. Мартин Фримен (The Office, The Hobbit) е полицаецот Крис кој работи во ноќната смена и кому не му претставува проблем да се послужи со цигари и храна најдени кај жртвите на злосторства. Не, тоа не е сатира, серијата се заснова на вистински настани, изјави сценаристот Тони Шумахер, кој 11 години работел како полицаец и чии искуства го инспирираа дејството во серијата.

Серијата Ноќни повици ми се допадна бидејќи зборува за одмазда каде нешто отпрвин ќе ве насмее, а потоа ќе се претвори во нешто сосема спротивно, изјави главниот актер Мартин Фримен.

ПОЛИЦАЕЦ САМОТНИК

Крис е еден од оние полицајци кои секогаш први доаѓаат на местото на злосторство.  Работи сам, нема партнер и тоа сосема му одговара бидејќи инаку би требало да игра според правилата.  Тоа е едно од нештата кои одговараат на реалноста, нагласи сценаристот Шумахер, кој секогаш работел сам.

Полицајците секогаш се први на местото на злосторство кога се работи за убиства, често со помош на хумор се носат со суровата реалност. Сепак, Крис е на работ на нервен слом и оди на психијатар кому уште во првата епизода  му се доверува дека стравува оти  ќе биде насилен кон пошироката јавност и сопственото семејство.

Серијата сака да ги покаже сите екстремности на полициската работа – во еден момент внимателно разговарате со семејство кое губи некого, во друг, пак, смирувате некого на под додека му се дерете в лице.

ГЛЕДАЈТЕ ВЕДНАШ НА PICKBOX NOW ИЛИ СЛЕДЕТЕ ГИ НОВИТЕ ЕПИЗОДИ НА КАНАЛОТ PICKBOX TV

Споредувајќи ја со култните серии Fargo и Sherlock, очекувањата за новата полициска серија се големи – затоа зароните во Pickbox како што најдобро ви одговара –гледајте се одеднаш на стриминг сервисот на Pickbox NOW или на крајот на февруари следете ги новите епизоди на Pickbox TV!

Претходна статијаOpera претстави Crypto Browser со кој го започнуваат патот кон Web3 интернет комуникацијата
Следна статијаWizz Air ја потврди својата позиција како најзелениот избор на воздушно патување