Не би не изненадило доколку повеќе од вас не се запознаени со YouTube Originals делот од овој познат сервис. Во главно Originals беше достапен за претплатниците на YouTube Premium, иако одредена содржина стана достапна со реклами и за останатите корисници.

YouTube Originals почна да функционира во 2016 и како „категорија“ на YouTube беше замислена да овозможи оригинална содржина од страна на YouTube креаторите, иако беше достапна и одредена содржина која не би се очекувала, како на пример Cobra Kai серијата која сега се прикажува на Netflix.

Иако од компанијата истакнуваат дека содржината на Originals е доста гледана, сепак не можеме да замислиме дека може да се спореди со другите стриминг сервиси, па и генерално со YouTube.

Без разлика која е причината, од YouTube најавија дека ќе престанат со креирање на оригинална содржина, барем поголемиот дел од истата, па ќе продолжат да ја финансираат содржината само од Black Voices и YouTube Kids Founds.

Ова сигурно не е нешто што се има покажано како единствено кое носи заработка, туку е дел од трендот, а посебно на запад, за покажување на грижа за заедницата и нејзините групи кои се сметаат како дискриминирани и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung на новиот телефон Galaxy S21 FE 5G го подобри сето она што корисниците го бараа
Следна статијаOpera претстави Crypto Browser со кој го започнуваат патот кон Web3 интернет комуникацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.