Нема сомнеж дека 2022 година ќе биде година на технолошки иновации, а во прилог на тоа говори и новиот уред, кој Samsung штотуку го лансираше на пазарот. За сите љубители на мобилни телефони, овој светски гигант подготви нов модел од серијата FE, Samsung Galaxy S21 FE 5G, кој може да се пофали со феноменални перформанси – брз процесор, висока резолуција на екранот, иновативен оперативен систем, но и одлична камера.

Иако практичноста и функционалноста сè наши примарни фактори при купување на паметен уред, сега неговиот дизајн почнува да оди „рамо до рамо“ со техничките карактеристики. Oвој телефон може да ги исполни овие барања бидејќи е дизајниран да одговара на сите корисници, освен што го подобрува корисничкото искуство, тој е и вистинско уживање во светот на технологијата, кое дефинитивно ќе сакате да го „пробате“.

Врвни перформанси какви што очекуваме

Една од најважните карактеристики при изборот на мобилен телефон е брзината, која на корисникот ќе му овозможи совршено искуство при користење на различни апликации. Со оглед на тоа дека овој телефон има супербрз Galaxy процесор, кој се користи во серијата S21, задоволството од користењето на овој уред нема да изостане. Покрај јасната висококвалитетна графика и одличниот квалитет на сликата, Galaxy S21 FE 5G може да се пофали и со нова стапка на брзина на допир од 240 Hz, која обезбедува молскавично брз одговор при користење на телефонот, што е особено важно за страсните гејмери. Искуството за играње е дополнително подобрено со стапка на освежување од 120 Hz, што секако обезбедува највисока резолуција на екранот AMOLED 2X, така што користењето на уредот ќе оди многу лесно.

Дизајн на телефон според желбите на корисникот

Кога зборуваме за изгледот на телефонот, првото нешто што можеме да го забележиме е елегантниот и тенок дизајн од 7,9 мм. Со оглед на тоа што е достапен во маслинова, лаванда, графит и бела боја со мат финиш, што го прави да изгледа уште помоќен, еден од нив секако ќе биде ваш избор. За дополнително персонализирање на вашиот телефон, покрај изборот на една од овие четири бои, иновативниот оперативен систем One UI 4 исто така ви овозможува да дизајнирате свој почетен екран, икони, позадини и виџети според индивидуалните желби и стил. Заштитата на вашиот телефон ја обезбедува новата контролна табла за приватност, која ги комбинира безбедноста и контролата на приватноста на едно место и на тој начин го прави користењето на уредот совршено безбедно.

Новата камера нуди нов вид на забава

За сите оние кои уживаат во фотографирањето на природата, своите најблиски, но и самите себе, Samsung повторно обезбеди врвна камера со подобрени перформанси. Предната камера од 32 MP ќе обезбеди совршено селфи, додека опцијата AI Face Restoration ќе се погрижи да изгледате најдобро на секоја фотографија, а ако сакате да фотографирате во темница, вашите ноќни уметнички дела ќе бидат перфектни со подобрената Night Mode опција. Она што особено ќе им се допадне на корисниците, а што го прави овој телефон уште поубав е Contour-Cut рамката која беспрекорно ја поврзува камерата и создава уникатен визуелен впечаток на уредот, кој исто така ви овозможува да ги направите вашите омилени фотографии со „скриен ” објектив. За најголемите љубители на оваа уметност Samsung подготви можност за двојно фотографирање со кое можете да снимате настани пред и позади вас, а се што треба да направите е да почнете да снимате и вашиот фотоапарат ќе го снима она што го гледа на двата објективи во исто време.

Сите овие премиум функции можете да ги најдете во телефонот, што претставува одлична понуда, а со цел да ги запознаете комплетните функции подетално и да си овозможите уште подобро да ја изразите, истражувате и уживате вашата омилена содржина, дознајте на следниот сајт: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/galaxy-s21-fe-5g/.

Претходна статијаMicrosoft ги купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари
Следна статијаYouTube Originals ја намалува својата содржина