Microsoft денеска објави дека има постигнато договор со гејминг студиото Activision Blizzard за купување на компанијата за огромни 68,7 милијарди долари. Ова е една од најголемите зделки на Microsoft, а и генерално на пазарот, со што Microsoft Gaming ќе стане една од најголемите гејминг компании во светот.

Activision Blizzard е студио кое ги има зад себе насловите како Call of Duty, Warcraft, Candy Crush, Tony Hawk, Diablo, Overwatch, Spyro, Hearthstone, Guitar Hero, Crash Bandicoot, StarCraft, меѓу другите, кое сега ќе продолжат да бидат развивани под Microsoft.

За почеток, истакнуваат од Microsoft, компаниите ќе продолжат да функционираат посебно, а по целосното завршување на сите процедури, тимот на Activision Blizzard ќе стане дел од Microsoft Gaming, дел од компанијата кој е воден од познатиот Фил Спенсер.

Познатите наслови кои сега стануваат дел од Microsoft Gaming ќе бидат достапни преку Xbox Game Pass и PC Game Pass, а од компанијата најавуваат дека овој сервис има повеќе од 25 милиони претплатници, иако не е достапен секаде во светот, како на пример во нашата земја.

Од Microsoft исто така истакнуваат дека купувањето на Activision Blizzard ќе ги забрза плановите на компанијата во областа на гејминг од облакот, нешто што иако е достапно, како од Microsoft, така и од неколку други компании, уште може да се каже дека е во почетоците на нешто што ќе биде доста популарно во годините што следат.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаПовеќе американски авиокомпании предупредуваат за можен хаос пред утрешното пуштање на новите 5G фреквенции од двата најголеми оператори
Следна статијаSamsung на новиот телефон Galaxy S21 FE 5G го подобри сето она што корисниците го бараа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.