Фото: Shutterstock.com

После неколку одложувања, двата најголеми оператори во САД од утре ќе ја пуштат во функција „C-Band“ фреквенција за нивните 5G мрежи. Оваа фреквенција, односно фреквентен опсег, е можеби и најважен за мрежата, поради тоа што овозможува најдобра комбинација на брзина и достапност, со што повеќето мрежи ќе функционираат во овој опсег.

Причината за одложувањата беше тврдењето од страна на авиокомпаниите и производителите на авиони дека оваа фреквенција може да се меша и да пречи на системите за слетување на авионите, кои се посебно важни при слетување во услови кога пилотите немаат добар визуелен преглед на пистата.

Сега, на ден пред официјалното пуштање на мрежите, нешто што беше дефинитивно најавено дека овој пат ќе се случи, повеќе авиокомпании во САД најавуваат за можен хаос доколку се продолжи со планот.

Тие најавуваат дека ќе бидат откажани огромен број на летови, патници ќе бидат оставени во странство, а ќе трпи и доставата на производи.

Според информации од Reuters, директорите на American Airlines, Delta Air Lines, United Airlines, Southwest Airlines, како и UPS Airlines и FedEx Express, имаат испратено писмо до повеќе федерални агенции во САД, како FCC, FAA и слично.

Не се очекува повторно откажување на плановите за пуштањето на 5G мрежата, а причините за тоа во главно се не постоењето на доволно докази за тврдењата. Се верува дека постои можност за одредени пречки кај авионите со постара опрема, но тоа е далеку од најавите за илјадници откажани летови и хаос.

ИЗВОРThe Verge
  • ОЗНАКИ
  • 5G
Претходна статијаSamsung 2022 QLED и Lifestyle телевизорите добиваат сертификати за заштита на очите, безбедност и прецизност на боите, од водечки светски институти
Следна статијаMicrosoft ги купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.