Фото: Shutterstock.com

5G како технологија продолжува да има проблеми во процесот на своето пуштање, а овој пат се работи за проблем кој навистина може да направи разлика, за разлика од голем број на неиздржани теории.

Конкретно се работи за пуштањето на C-Band фреквенцијата, односно за фреквенцијата од средниот дел од спектарот, кој треба повеќето оператори да го користат и кој нуди комбинација на поголема достапност и добри перформанси.

Според американската FAA и уште неколку организации, поставување на базни станици со 5G околу аеродромите, може да доведе до пречки во постојните системи на аеродромите кои им помагаат на авионите да слетаат. Еден од тие системи е за одредување на висината на авионот, нешто од кое пилотите зависат многу, а посебно кога се слетува во услови кога тие не можат воопшто или добро да ја видат пистата визуелно.

На FAA им се приклучија директорите на Boing и Airbus за САД, кои бараат одложување на пуштањето на 5G мрежата од операторите во САД, нешто што веќе беше одложено и сега е закажано за 5ти јануари идната година.

Според една од организациите, Airlines for America (A4A), доколку 5G мрежата била пуштена во 2019 година, досега ќе имало откажани или задоцнети околу 345.000 комерцијални летови и 5.400 транспортни летови.

Веќе можевме да прочитаме за можноста 5G да прави пречки на аеродромите, па приклучувањето на директорите на двете најголеми компании кои произведуваат авиони, сигурно дава тежина и значење на ситуацијата.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаTikTok неколку пати годинава го презема првото место од Google како најпопуларен домен во светот
Следна статијаTikTok ќе стане конкуренција на Twitch – моментално новиот софтвер е во фаза на тест
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.