Фото: Shutterstock.com

Огромната популарност на TikTok нема потреба посебно да се истакнува, истата им е јасна и позната на повеќето изминатите години, а посебно за време на пандемијата. Оваа друштвена мрежа на која се прикажуваат кратки видеа, доаѓа од Кина, а тоа не ретко ги загрижува западните власти.

Според Cloudflare Radar, страна каде се прикажани информации за интернет сообраќајот во светот, од познатите Cloudflare, TikTok успева да го надмине Google како најпопуларна дестинација во светот, односно како најпопуларен домен којшто корисниците во светот го отвораат.

TikTok не е во доволно големо водство за да успее да ја задржи првата позиција, па ситуацијата се менува повеќе пати во текот на годината. Може да се види дека TikTok го држи првото место скоро цела недела овој месец, по што Google моментално повторно е на првото место.

Други домени кои влегуваат на топ 15 листата како најпопуларни домени се Facebook, Microsoft, Apple, Amazon, Netflix, Twitter, YouTube, Pinterest, WhatsApp, Instagram, Mi, Verizon и Cloudflare.

Оваа листа во основа ги покажува најпознатите „дестинации“ на интернет корисниците во светот, а истата е како што би очекувале, односно не донесува некакви изненадувања.

ИЗВОРBBC
Претходна статијаОсум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма
Следна статијаAirbus и Boeing бараат одложување на пуштањето на 5G поради можност за пречење на авионите при слетување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.