TikTok, како една од најпознатите и најмногу користени друштвени мрежи, каде главниот начин на објава е преку видео содржина, голем дел од објавите се видеа во живо, нешто што се’ повеќе станува популарно.

Затоа воопшто не е чудно, а повеќе може да се каже дека е очекувано, што од компанијата планираат проширување на овој дел од сервисот, преку понуда на можноста за стриминг во живо преку десктоп компјутер.

Новата можност моментално е во тест фаза и им е достапна само на мал број на корисници. Стримингот во живо од десктоп би се правел преку новата TikTok Live Studio апликација, а истата ќе може да се поврзе и со играчка конзола.

Според првичните информации, се верува дека TikTok Live Studio ќе биде конкуренција на Twitch, главната платформа за стриминг во живо на игри. TikTok веќе е полн со вакви видеа, но корисниците кои сакаат да ги гледаат во живо, тоа ќе мора да го направат преку некои од другите платформи каде тоа е достапно.

Од корисниците кои имаат пристап до TikTok Live Studio, може да се заклучи дека софтверот во оваа фаза е доста основен, па не нуди многу можности кои би се очекувале. Тоа е разбирливо со оглед на тоа дека се работи за тест фаза.

Од компанијата истакнуваат дека не е решено дека TikTok Live Studio ќе им стане достапен на сите корисници. Тоа ќе зависи од периодот на тестирање. Исто така, при тестирањето ќе се види за што се користи овој софтвер најмногу, па од тоа ќе зависи какви ќе бидат достапните функции на крајот.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаAirbus и Boeing бараат одложување на пуштањето на 5G поради можност за пречење на авионите при слетување
Следна статијаСнежно а капела изненадување од Sarah Mace & The Christmas Girls
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.