Фото: Shutterstock.com

Пуштањето на 5G мрежите во САД во средните фреквенции, кои и најмногу ќе се користат, веќе еднаш беше одложено, а сега двата најголеми оператори во земјата се сложија на уште едно двонеделно одложување.

Одложувањето се прави поради дополнително истражување на можноста да фреквенцијата на која треба да работи 5G, пречи на системот за слетување на авионите, односно радио брановите кои комуницираат од земјата со авионите и им ја покажуваат моменталната висина.

На тврдењето дека вакви пречки може да се појават се приклучија и двата најголеми производители на авиони, Airbus и Boeing, па по првичното одбивање да се одложи пуштањето, сега AT&T и Verizon се сложија на уште две недели одложување.

Според информациите од овие две компании, одложувањето на пуштањето на 5G мрежата ќе биде направено уште еднаш, а после ова одложување, мрежите ќе бидат пуштени.

Главниот проблем моментално е во C-Band фреквенцијата, која е средната фреквенција од тие кои ги користи 5G. Оваа фреквенција овозможува комбинација помеѓу достапноста и брзината, па поради тоа и најчесто ќе се користи во градовите и густо населените места.

ИЗВОРEngadget
  • ОЗНАКИ
  • 5G
Претходна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy S21 FE 5G – врвен паметен телефон дизајниран по мерка на корисникот
Следна статијаАЕТМ: Продолжува растот на онлајн купување од домашните е-трговци – 83,4% раст во првите 9 месеци 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.