okaygoogtest

Ok Google гласовната команда е веќе позната на сите корисници. Започната како дел од Android оперативниот систем, кажувајќи ги овие зборови, автоматски се активира гласовното препознавање и можете да правите пребарување и слични активности. Можноста за пребарување со кажување на Ok Google командата беше воведена во Chrome прелистувачот при крајот на минатата година, но за таа да функционира беше потребно инсталирање на посебен додаток.

Од денеска со најновата верзија од Chrome прелистувачот можете да ја користите Ok Google функцијата без потреба од инсталација на додаток. Основен услов за да можете да ја користите функција е јазикот на прелистувачот да ви биде наместен на English US. Повеќето корисници мислиме дека стандардно го користат тој јазик, а доколку не ви е наместен тоа можете едноставно да го промените преку Settings > Show advanced settings > Languages. Исто така преку Settings менито во делот Privacy можете да ја вклучите Ok Google функцијата, која што може да биде вклучена и преку главната страна на Google.

ok-google

Доколку не сте корисник на Google Chrome, а оваа вест ве заинтересира да го пробате, можете да го симнете преку следниот линк за сите платформи.

Дали ја користите Ok Google функцијата на вашиот Android или iOS уред и дали планирате да ја користите во Chrome прелистувачот на десктоп ?

Извор: Google

Претходна статијаХакери успешно ја пробиле Activation Lock заштитата на Apple ?
Следна статијаLG ја претстави QuickCircle футролата за новиот LG G3
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.