google-voice-search

Функција добро позната на корисниците на најновата верзија од Andorid со која можете да започнете гласовно пребарување преку Google без потреба од притискање на копче. Само кажувате „OK, Google“ кога ви е вклучена Google Search апликацијата и со тоа ја покренувате функцијата за гласовно пребарување.

okaygoogtest2 (1)

Сега оваа функција е достапна за корисниците на Chrome прелистувачот на десктоп компјутерите. За да можете да ја користите оваа функција, потребно е да инсталирате додаток на прелистувачот од Chrome Web Store,  Google Voice Search Hotword (beta). Додатокот ќе има привилегија да пристапи до вашиот микрофон, се разбира. По инсталирање на додатокот, се што треба да направите е да ја отворите главната страна на Google и да кажете „OK, Google“. Исто како и на Android уредите, оваа команда ќе биде препознаена и гласовното пребарување ќе биде стартувано. Моментално работи само на англиски јазик, меѓутоа тоа не прави некоја голема разлика за нас во Македонија, зошто и на Android никогаш не беше воведена поддршка за нашиот јазик. Додатокот можете да го инсталирате на било кој оперативен систем на кој што користите Google Chrome.

Во продолжение можете да видите демо од Google за работењето на Chrome додатокот на компјутер.

Претходна статијаSamsung го најави Galaxy Grand 2
Следна статијаGoogle Drive интеграција со Gmail
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.