ios7_activation_lock-640x360

Activation Lock е функција воведена со претставувањето на iOS 7 како дел од Find my phone. Со вклучување на Find my phone се вклучува и Activation Lock функцијата по што вашите корисничко име и лозинка ќе мора да бидат внесени доколку некој се обиде да ја исклучи функцијата, да го избрише уредот или да го активира и повторно користи уредот откако бил избришан од ваша страна.

Двајца хакери сега тврдат дека успеале да го пробијат овој систем и успешно да го реактивираат избришаниот телефон. Тоа значи дека доколку други го направат истото, ќе можат без проблем да ги продаваат украдените телефони, со што истите ќе бидат активирани и оспособени за користење. Хакерите информираат дека начинот кој што го користеле за пробивање на заштитата може да се искористи за пристапување до Apple ID лозинки и други лични информации во облакот на Apple. Тие се обиделе да ги контактираат Apple, но поради тоа што немале добиено никаков одговор решиле оваа информација да ја објават јавно.

Начинот на кој што тие тврдат дека ја имаат пробиено заштитата е преку повеќе месечно следење и учење на комуникацијата помеѓу iPhone уредите и iCloud серверите. Потоа со поставување на компјутер кој што успева да го „излаже“ уредот дека комуницира со вистински iCloud сервер, тие успеале да го отклучат истиот, како и да пристапат до одредени дополнителни информации.

Првите претпоставки за тоа како тие имаат успеано да го направат тоа биле преку искористување на SSL пропуст во iTunes за Windows, меѓутоа тоа потоа е негирано од страна на еден од хакерите.

Извор: MacRumors Преку: Ubergizmo

Претходна статијаGoogle во иднина ќе прикажува реклами на сите паметни уреди
Следна статијаOk Google командата достапна за сите во новата верзија на Chrome
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.