Фото: Shutterstock.com

Google доста направи изминатиот период за да ја намали огромната потрошувачка на меморија по која е познат нивниот Chrome прелистувач. Тој веќе одамна има функција која ги става во состојба на „спиење“ неактивните „табови“ и со тоа тие веќе не трошат меморија, нешто што посебно прави разлика кај корисниците кои отвораат и користат доста голем број на „табови“. 

Сега оваа функција добива подетална можност за прилагодување, односно избор на нивото до кое ќе ја ослободува меморијата. 

Корисниците во Settings > Performance > Memory сега имаат избор од три нивоа на прилагодување, односно Moderate, Balanced и Maximum. Како што би се очекувало овие три нивоа со различна брзина ја намалуваат потрошувачката на меморија.

Google објаснува дека Moderate режимот ги деактивира „табовите“ зависно од потребите на компјутерот, Balanced ги зема во предвид и навиките на „сурфање“ на корисниците, додека Maximum режимот најбрзо ги деактивира „табовите“ кога корисникот ќе престане да ги користи. 

Од компанијата најавија и нова функција наречена „Performance Detector“ која кога ќе забележи дека одредена веб страна има проблем со функционирањето поради други отворени „табови“, предложува нивно деактивирање за ослободување на меморијата. 

Корисниците во прилагодувањата имаат избор да додадат страни кои никогаш нема да бидат деактивирани, а можат да изберат и дали деактивираните „табови“ да бидат посебно означени. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаSamsung можно е да престане да го користи Galaxy брендот за уредите од највисоката класа
Следна статијаM4 Pro и M4 Max се одговорот од Apple на Copilot+ чиповите од Qualcomm, Intel и AMD
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.