Фото: Shutterstock.com

Според извори од корејскиот E-Today, Samsung наводно размислува за издвојување на уредите од највисоката класа од брендот Galaxy. Во највисоката класа има две серии, односно Galaxy S и Galaxy Z. Овие две серии би требало да се продаваат под друг бренд кој ќе биде специјално развиен за највисоката класа и најдоброто од компанијата. 

Информациите говорат дека од компанијата размислуваат за вакво нешто уште од почетокот на годината, а може и нешто порано. Тие веќе имаат изјавено дека разбираат дека корисниците очекуваат ново име за производите кои донесуваат поголема иновација. 

На ова треба да се додаде и дека под Galaxy брендот функционираат повеќе серии, од најниската, па се до највисоката класа, што би ја направило логична одлуката да се издвојат најдобрите. 

Како споредба која наводно се користи зад логиката за промена на брендот се истакнува подбрендот кој го користат Hyundai за возила од повисоката класа, Genesis. Вакво нешто би требало да направат и од Samsung.

Доколку дојде до ваква промена на брендирањето сепак се очекува дека тоа ќе се случи после претставувањето на Galaxy S25 серијата која треба да биде претставена за неколку месеци. Тоа значи дека одлуката се’ уште не е донесена, па нема време за потребните промени и маркетинг активности.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаSamsung поставува нови мерила за ТВ безбедност со сертификатот FIPS 140-3
Следна статијаGoogle Chrome доби подетални прилагодувања на меморијата која ја користи прелистувачот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.