Од вчерашниот ден достапна е наредната верзија од Google Chrome прелистувачот, односно Chrome 92. Оваа нова верзија, како и повеќето поради нивното често пуштање, не донесува некои големи и драстични промени, но сепак не доаѓа само со стандардните безбедносни исправки.

Google Chrome 92 доаѓа со до 50 пати побрзо откривање на „phishing“ страните, односно до 2,5 пати побрзо кај страните за кои 99% е сигурно дека претставуваат проблем. Тоа за корисниците ќе значи дека Chrome наместо за скоро 2 секунди, проверката на страните ќе ја прави за 100 милисекунди.

Од Google истакнуваат дека ова ќе донесе две предности за корисниците. Едната е побрзо прикажување дали некоја страна е „phishing“ страна и со тоа заштита од можни проблеми, а втората е подобрување на перформансите на прелистувачот кој оваа проверка ја прави локално на компјутерот.

Побрзото откривање на страните се прави преку промена и подобрување на системот кој проверката ја прави преку споредување на боите на страната со познатите „phishing“ страни.

Google Chrome 92 е достапен на сите платформи и треба автоматски да се инсталира во деновите што следат или тоа можете самите да го направите со проверка за истото во Help > About Google Chrome.

Оваа недела нова верзија можат да очекуваат и корисниците на останатите прелистувачи кои се направени на Chromium кодот, како што се Microsoft Edge, Brave, Opera и слични.

ИЗВОРChromium Blog
Претходна статијаMicrosoft Store во Windows 11 сега го има Microsoft Edge за симнување
Следна статијаМичио Каку го коментира летот на Џеф Безос и Blue Origin во интервју за Fox Business
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.