Shutterstock.com

Иако Microsoft официјално ја заврши поддршката за Windows 7 и ја пушти последната надградба на крајот од јануари, сепак не е мал бројот на корисници кои не се откажуваат од овој систем.

Покрај одредени корисници кои сметаат дека ова е најдобриот оперативен систем и не сакаат да го инсталираат Windows 10, има голем број на бизнис корисници кои сепак немаат направено надградба поради големата работа која е потребна за тоа.

Според статистиките, сепак, повеќето веќе имаат направено надградба, додека уште одреден процент се во фаза или планираат да почнат со надградбата. Оваа година фактор е и пандемијата која голем дел од вработените ги примора да работат од дома.

Google требаше да ја прекине поддршката за Chrome на Windows 7 идното лето. Од компанијата одлучија да го продолжат овој рок за 6 месеци, па наместо во јули идната година, Chrome на Windows 7 веќе нема да има поддршка од јануари 2022.

До тогаш повеќето бизниси би требало да ја имаат завршено миграцијата на Windows 10, со што Google веќе и нема да има потреба од трошење на ресурси за одржување на Chrome на толку стар оперативен систем.  

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаReuters ексклузивно: Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема
Следна статијаПредизвиците со кои се соочуваат медиумите за време на пандемијата КОВИД-19 и важноста на слободата на медиумите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.