На 14-ти јануари оваа година, односно пред две недели, официјално заврши поддршката за стариот и најверојатно најмногу популарен Windows 7. Ова значи дека оперативниот систем, кој веќе одамна не добива нови функции, веќе не добива ни безбедносни и други исправки.

Во наредните 3 години, бизнис корисниците ќе можат да плаќаат по компјутер, сума која ќе се зголемува секоја година, за продолжена поддршка од Microsoft, а веќе можевме да прочитаме дека германската влада ќе плати за истото повеќе од 800.000 долари, додека ја заврши миграцијата на Windows 10.

Последната надградба за Windows 7 на 14-ти, направи проблеми со позадината кај одредени компјутери, односно истата се менува во црна, па корисникот нема позадина. Ова од некои беше сфатено како начин да Microsoft уште повеќе ги мотивира корисниците да се тргнат од оперативниот, но на крај сепак беше означено како „баг“.

Исправката на овој баг требаше биде достапна само за тие кои плаќаат продолжена поддршка, но сепак поради видот на грешката, од компанијата сепак на крајот решија да пуштат уште една бесплатна надградба за системот за сите корисници.

Багот се откри дека прави проблем со позадината само доколку е избрано истата да биде „растегната“, односно „stretch“, додека проблемот го нема која се избрани другите можности, fit, fill, tile или center.

Поради фактот дека уште има голем дел на корисници кои се останати, а и ќе останат уште одреден период на Windows 7, повеќето компании кои работат со безбедносни, односно антивирусни апликации, ќе продолжат да го поддржуваат овој систем во наредните неколку години.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗапочнува пријавувањето за „Авицена Женска Трка“
Следна статијаOff-Facebook Activity алатката достапна за сите корисници на Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.