Files е апликација која е достапна уште од Windows 10 како одлична алтернатива на File Explorer. Со најновата верзија од редизајнираната File Explorer во Windows 11 можеби се намалува потребата од алтернативни апликации, но оваа изјава може да ја побие најновата верзија од Files.

Files v3 донесува освежен изглед кој може да се каже дека изгледа одлично и е доста поблизок на File Explorer, што е добро. Големо освежување, односно редизајн добива левата лента која може да се каже дека беше доста лоша во претходните верзии. Сега лентата, заедно со целата апликација, изгледаат одлично, а внимавано е на сите можни детали.

Третата верзија од Files добива и посебен кориснички интерфејс за кога се префрлуваат датотеки, на пример, а истиот изгледа нешто слично со тој од Windows.

Апликацијата исто така добива и поддршка за преглед на „office“ датотеки директно на лентата од десната страна, па корисниците нема да мора да ги отвораат документите само за да видат што точно има во нив.

Како посебна новина се истакнува додавањето на можност за пишување на команди. Со притискање на „ctrl + shift + p“ или со додавање на знакот „>“ во горната лента, корисниците можат да покренат одредени активности со пишување. Тоа што може да се направи се работи како креирање нова папка, сортирање на датотеки и уште доста други.

Целата листа на новини во Files v3 можете да ја погледнете тука.

ИЗВОРFiles
Претходна статијаCopilot официјално доаѓа на Windows 10, потврдија од Microsoft
Следна статијаMicrosoft ќе им овозможи на корисниците од ЕУ дополнителен избор во Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.