Windows Central минатата недела најави дека Microsoft планира да го донесе Copilot и во Windows 10, иако овој систем требаше да добива само мали безбедносни надградби до крајот на поддршката во 2025.

Како причина за ова беше истакнат големиот број на корисници кои се’ уште го користат овој систем, околу 1 милијарда, во споредба со 400 милиони корисници на Windows 11. За овие бројки до некаде се криви и од Microsoft кои не дозволуваат инсталација на системот на постарите компјутери.

Оваа најава сега е официјално потврдена од страна на компанијата, со најавата на Windows 10 Build 19045.3754 кој е во Release Preview каналот од Windows Insider програмата.

Корисниците кои сакаат уште сега да го пробаат Copilot, ќе мора да проверат самите за нови верзии, а и да ја вклучат Get the latest updates as they’re available во Windows Update, а секако да ги вклучат и тест верзиите.

Во оваа фаза на тестирање не сите корисници ќе можат да го добијат Copilot, па од Microsoft истакнуваат дека тоа ќе им биде овозможено на корисниците во неколку земји.

Инаку, Copilot во Windows 10 ќе биде ист како во Windows 11. Ќе се појавува на десната страна од екранот, а корисниците ќе можат да поставуваат прашања, да го контролираат компјутерот, да креираат содржина, да добиваат сумиран дел од текст и слично.

За разлика од Windows 11, копчето за Copilot во Windows 10 ќе биде поставено на крајот од долната лента на десната страна.

Microsoft оваа недела најави дека Copilot ќе биде официјалното име на нивната генеративна вештачка интелигенција, наместо Bing Chat, а за тоа е пуштена и посебна веб страна. Со ова Copilot ќе може да се користи независно од Bing, а и повеќе наликува на конкурентите како ChatGPT, Bard и слични.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple ќе додаде поддршка за RCS протоколот во нивната Messages апликација идната година
Следна статијаАлтернативата на File Explorer за Windows, Files, ја доби својата трета и најдобра верзија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.