По додавањето на „табови“ во веќе модернизираниот File Explorer во Windows 11 минатата година, сега од Microsoft работат на дополнително модернизирање, односно редизајн на оваа важна апликација.

Дека вакво нешто се подготвува можевме да прочитаме неофицијално, а новиот File Explorer сега и официјално станува достапен. Достапноста е во најновата dev верзија од Windows 11, поточно верзијата 23475.

Со оглед на тоа што File Explorer веќе неколку пати е освежен, промените сега не се толку драстични, но се добредојдени и го менуваат горниот дел од апликацијата, нешто што беше потребно одамна.

Лентата на која се прикажува локацијата на датотеките, како и нивното пребарување, сега е префрлена на горниот дел, веднаш под „табовите“. Со тоа, брзите контроли се префрлени под лентата, каде што е и доста пологично да бидат.

Во апликацијата, корисниците кои се најавени со Azure Active Directory ќе гледаат нов дел со предлози за датотеки кои ќе бидат прикажани во поголем формат и мал преглед од содржината.

Генерално целата апликација функционира многу подобро со OneDrive, па корисниците дури ќе можат да гледаат во горната лента дали некоја датотека е локална или во „облакот“. Во овој дел корисниците ќе можат да го видат својот простор на OneDrive, односно колку од него веќе имаат искористено.

Во оваа верзија од Windows 11 додадена е и уште една новина за која можевме неофицијално да прочитаме. Истата сега официјално е наречена Dynamic Lighting и во основа овозможува контрола на надворешните уреди кои доаѓаат со осветлување, како што се на пример тастатурите RGB сијалички.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаWordPress доби асистент со вештачка интелигенција кој може да ги пишува статиите за корисниците
Следна статијаMeta ќе имплементира генеративна вештачка интелигенција во сите нивни производи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.