На крајот од минатата година, една од најдобрите и најпознатите компании за интернет безбедност, Bitdefender, најави дека ја откажува својата бесплатна верзија. Со тоа корисниците останаа со изборот да ја користат платената верзија од компанијата или секако да користат некоја од другите бесплатни понуди, вклучувајќи ја и одличната Windows Defender апликација која доаѓа со Windows и за разлика од порано овозможува врвна заштита.

Од Bitdefender поради некоја причина се имаат премислено, па повторно претставија бесплатна верзија од нивниот Bitdefender Antivirus.

Новата, Bitdefender Antivirus Free for Windows апликација е целосно преработена, односно направена на основа на нов код, нешто што не беше случајот со претходната. Во основа, корисниците сега ја добиваат истата апликација како што е кај платената верзија, само со исклучени одредени функции.

Со ова, Bitdefender Antivirus Free на корисниците ќе им овозможи врвна заштита, која не се разликува од платената верзија, барем не во технологијата која стои зад апликацијата.

Од компанијата истакнуваат дека новата верзија овозможува подобрени функции, подобрена функционалност, како и подобрено корисничко искуство во споредба со претходната верзија, како и заштита од малициозен софтвер и скенирање според претходно закажан план. Новата верзија исто така доаѓа со можност за заштита на Outlook и Thunderbird имејл клиентите, како и заштита при сурфање.

Тоа што сепак недостасува кај бесплатната верзија е заштита од „ransomware“, како и заштита на мрежата, а не се достапни и функции како VPN, блокирање на интернет тракери и слично.

Главната причина за одлуката на Bitdefender повторно да претстави бесплатна верзија во голем дел сигурно е големото подобрување на Windows Defender изминатите години, па се повеќе корисници одлучуваат дека не им е потребно друго решение. Со понуда на бесплатна верзија, од компанијата имаат поголема шанса да ги привлечат корисниците некогаш во иднина да платат за нивните платени верзии од апликациите.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Bitdefender
Претходна статијаРСБСП: Сите сме пешаци – да ја заштитиме најранливата категорија на учесници во сообраќајот
Следна статијаWindows 11 и официјално започна со означување на компјутерите кои не го поддржуваат овој систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.