Bitdefender е еден од најпознатите брендови во светот во областа на онлајн безбедноста. Покрај нивните неколку пакети на производи за антивирусна заштита, тие нудат и бесплатна верзија која секако доаѓа со нешто послаби карактеристики, но во основа ја има Bitdefender технологијата.

Од компанијата сепак оваа бесплатна верзија веќе не сметаат дека им се исплати да ја имаат, па заклучно со 31ви овој месец, истата веќе и официјално нема да постои. Линковите за симнување веќе не се достапни од страната на компанијата, па истите се заменети со линкови до пробна верзија од некои од платените пакети.

Корисниците кои веќе го користат Bitdefender Antivirus Free ќе имаат поддршка до 30ти јуни идната година, по што веќе нема да биде безбедно да се користи овој софтвер.

Од Bitdefender најавуваат дека за корисниците на бесплатната верзија ќе имаат посебна понуда со попуст за префрлување на некои од платените пакети, но сигурно повеќето ќе се одлучат за некои од другите бесплатни понуди од познатите конкуренти.

Бесплатни верзии од своите антивирусни апликации имаат и Kaspersky, Avast, Avira, па изборот сигурно не е мал.

Уште една бесплатна алтернатива им е достапна на корисниците, а можно е и да има во голема мера придонесено за одлуката на Bitdefender. Тоа е вграденото антивирусно решение во Windows, Windows Defender, кое изминатите години почна да ги добива највисоките оценки, исто како и најдобрите конкуренти.

Тоа значи дека за повеќето корисници и не е потребно посебно решение за заштита при користење на компјутерот, а самиот Windows обезбедува и повеќе од доволна заштита.

Bitdefender има бесплатна верзија и за корисниците на Android, но во оваа фаза изгледа дека таа верзија нема да биде променета, односно нема да биде откажана.

ИЗВОРBitdefender
Претходна статијаNetflix пушти посебна веб страна за повеќе информации поврзани со филмовите и сериите на сервисот
Следна статијаApple ќе претстави iPhone кој се преклопува дури во 2023 или 2024 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.