Netflix овој месец пушти посебна веб страна за своите корисници кои би сакале да дознаат нешто повеќе за филмовите и сериите коишто ги гледаат. Netflix TUDUM е името на новата страна и може да се пристапи преку овој линк https://www.netflix.com/tudum.

Од Netflix истакнуваат дека ова е само почетокот на страната, па со тек на време може да се очекуваат повеќе новини, односно вид на содржина која ќе може да се прочита.

TUDUM во основа е место каде корисниците ќе можат да дознаат нешто повеќе за филмовите и сериите што ги гледаат, но и да добијат идеја што е интересно да се почне да се гледа. Доколку на страната се пристапи со најавување на својата Netflix сметка, содржината ќе биде дополнително прилагодена со содржината која корисникот веќе ја гледа.

На оваа страна ќе може да се најдат новости за сезоните на сериите кои треба да бидат пуштени, повеќе информации за глумците во филмовите и сериите, сцени кои дотогаш не биле пуштени, снимки зад сцените, ексклузивни интервјуа, одредени интересни информации и слично.

Ако се чудите што ли значи зборот TUDUM, тој доаѓа од звукот кој се пушта при вклучување на апликацијата на телевизорите.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаТретиот лет со екипаж на Blue Origin ја вклучи и ќерката на првиот Американец во вселената
Следна статијаBitdefender ја гаси својата бесплатна верзија за корисниците на Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.