Фото: Shutterstock.com

Според информации од компанијата Pixelate, вкупно 1,5 милиони апликации на App Store и Play Store не се ажурирани повеќе од 2 години, односно се „напуштени“ од страна на своите програмери.

Поради ова овие апликации најверојатно ќе бидат тргнати од продавниците за апликации, односно нема да може да бидат пронајдени и инсталирани. Покрај другите причини за ова, апликациите кои не се ажурираат претставуваат и безбедносен ризик за корисниците.

Бројката на напуштени апликации се движи околу 869.000 на Play Store, односно 650.000 на App Store. Ова е 28% од вкупната понуда на апликации на двете платформи, што не е малку и покажува дека голем дел од апликациите се оставени и веќе не се развиваат.

Податоците исто така покажуваат уште една работа која е логична, а тоа е дека апликациите кои имаат поголем број на инсталации почесто се ажурираат, односно 84% од апликациите кои се симнати повеќе од 100 милиони пати се ажурирани во последните шест месеци.

Вкупната бројка на апликации кои им се достапни на корисниците на двете платформи изнесува околу 3 милиони, но јасно е дека само околу 100-200 се навистина популарни и често се користат.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаWhatsApp ќе овозможи „тивко“ напуштање на групните разговори
Следна статијаПрвата бета верзија од iOS 16 за сите корисници треба да се очекува во јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.