Фото: Shutterstock.com

Apple ќе ја одржи својата WWDC конференција на почетокот од идниот месец, а на истата стандардно ќе ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи. Тоа значи дека уште малку останува до откривањето дали нешто интересно ќе донесат овие наредни верзии.

Според информации од познатиот Марк Гурман, оваа година јавната бета верзија, односно таа наменета за обичните корисници, од iOS 16 и iPadOS 16 ќе биде пуштена нешто подоцна. Обично бета верзија им се пушта на корисниците заедно со втората верзија за програмерите, но оваа година тоа може да се случи со пуштањето на третата верзија за програмерите.

Како причина за ова Гурман ги истакнува проблемите кои ги има системот, односно „баговите“, за време на внатрешното тестирање, па очекува дека ќе дојде до одложување на бета верзијата за неколку недели.

Тој исто така нагласува дека може до тогаш да бидат средени проблемите, па пуштањето на бета верзијата да биде стандардно како и минатите години.

Нема многу информации за што е тоа што треба да се очекува од iOS 16, па покрај малите најави дека ќе има нов начин на интеракција, можеби мислејќи се на интерактивни „виџети“, како и нови Apple апликации, друго нешто многу не се знае.

Со оглед на тоа дека остануваат уште неколку недели до WWDC, веќе и не е важно какви неофицијални информации ќе излезат во меѓувреме.

Претходна статијаApple и Google може да отстранат околу 1,5 милиони апликации кои не се ажурирани повеќе од две години
Следна статија„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.