Едни од најпознатите апликации за работа со видео и аудио, Final Cut Pro и Logic Pro од Apple, од овој месец стануваат достапни на iPad. Со ова, професионалците ќе можат да работат во секакви услови, односно и во ситуации кога не им одговара да го носат својот лаптоп.

Овие апликации во некои ситуации се и причината зошто одредени корисници воопшто купуваат Apple компјутери, односно нивната популарност е до толку голема во овој бизнис.

Final Cut Pro и Logic Pro ќе станат достапни за симнување од 23 мај и за разлика од десктоп верзиите, овие ќе бидат достапни преку месечна претплата од 4,99 долари, а ќе може да се плати е цела година однапред за 49 долари. Оваа цена е посебна за двете апликации, односно не се добиваат двете за една претплата.

Корисниците ќе мора да имаат iPad со М1 чип најмалку за да ја користат Final Cut Pro апликацијата, додека за Logic Pro ќе треба да се има iPad со A12 Bionic чипот или понов.

Поради екранот на допир, апликациите на iPad ќе имаат и посебни функции кои не им се достапни на корисниците на десктоп, барем не во таква форма. Одредени работи може да се завршат многу побрзо и полесно кога се користат прстите директно на екранот.

Од Apple истакнуваат дека корисничкиот интерфејс е преработен и прилагоден за овој начин на работа, а достапни се и другите напредни функции кои корисниците ги очекуваат од овие апликации.

Apple Pencil е уште една предност за користењето на овие апликации преку iPad, а корисниците можат да го користат овој уред за директно цртање, пишување и измена на работи во апликациите.

Достапни се и функции кои го користат машинското учење за работи како автоматско тргање на позадината без потреба од користење на зелено платно кај Final Cut Pro, а достапни се и посебни функции кога ќе се поврзе надворешна тастатура.

За вас кои ги користите овие апликации, деталите за што се е можно да се направи со нив, можете да ги прочитате тука.

ИЗВОРApple
Претходна статијаPhilips ги комбинира предностите на LCD и eInk екраните во еден монитор
Следна статијаTwitter директните пораки од утре ќе бидат шифрирани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.