Philips го претстави мониторот 24B1D5600, нема да ја коментираме маркетинг логиката зад именувањето на производите кои не доаѓаат од Apple. Овој монитор сепак се издвојува од поголемиот дел од конкуренцијата со тоа што на десната страна има прикачено втор екран, но овој е направен со eInk технологијата.

eInk екранот може да се прилагодува, односно не мора да остане само како продолжение на LCD екранот, а со тоа може да се погоди аголот на гледање со цел да се добие помало вртење на главата.

Сигурно се прашувате зошто некој би сакал да купи ваков монитор, односно која е логиката за неговиот развој. Логиката е едноставна, eInk екраните имаат големи предности за одредени работи, но сепак корисниците не можат да ги користат како главен монитор на кого ќе работат, односно ќе ги прават стандардните работи.

Предноста на eInk екраните доаѓа до израз кога се гледа на нив некоја статична содржина, како што се документите, книгите и слични информации кои корисникот сака да ги чита.

Не користењето на задно светло, како другите видови на екрани, го намалува заморот на очите, па од тука доаѓа и името на овие екрани кои се многу слични со обична хартија, барем во корисничкото искуство на читање.

Другиот екран е прилично стандарден, односно е направен во LCD технологија, има големина од 23,8 инчи и резолуција од 2560 на 1440 пиксели и стапка на освежување од 75 херци.

eInk екранот доаѓа со големина од 13,3 инчи и резолуција од 1200 на 1600 пиксели, што значи дека може да се очекува одлично искуство за читање.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаInstagram го зголеми бројот на линкови кои може да се додадат на профилите од корисниците
Следна статијаApple ги донесе своите Final Cut Pro и Logic Pro апликации на iPad
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.